Поврзете се со нас

НБА

Далас дојде до еден од најдобрите тројкаши во НБА лигата, Дончиќ доби и ново европско друштво

Објавено

на

Екипата на Далас Маверикс повлече потег на трансфер пазарот во НБА лигата, односно успеа да дојде до потписот на еден од најдобрите шутери, тројкаши во шампионатот Џеј-Џеј Редик.

Далас и Њу Орлеанс направија трејд при кој во Тексас освен Редик беше испратен и Италијанецот Николо Мели што значи дека се зголемува европското друштво во Маверикс со оглед на тоа што тука се Дончиќ, Порзингис, Клебер и Марјановиќ.

Од друга страна пак „пеликаните“ во оваа размена ги добија Џејмс Џонсон и Вес Ивунду како и втор пик на драфтот во 2021 година.

Маверикс во моментов е на 7. место во Западот, Њу Орлеанс пак ја држи 11 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни