Поврзете се со нас

Европски првенства

Даку се извини за скандалот поради кој може да добие казна од УЕФА

Објавено

на

Албанскиот репрезентативец Мирланд Даку реагираше на социјалните мрежи откако УЕФА официјално отвори дисциплинска постапка, која значи реална закана за казна за време на Европското првенство во Германија.

Даку непотребно ги навредуваше Македонците, односно Македонија по дуелот со Хрватска и очекувано предизвика многу негативни реакции и осуди за своето однесување, при што и ФФМ побара извинување и санкции од УЕФА.

По ваквиот епилог, албанскиот фудбалер преку својот Фејсбук профил објави реакција, односно извинување, но без конкретно да спомене кого навредил со својот испад по ремито со „коцкестите“.

– Се извинувам ако навредив некого по натпреварот со Хрватска, ефектот од исходот на натпреварот си го направи своето, – напиша Даку во делот од објавата во кој го споменува спорниот момент.

 

Дисциплинците во акција: УЕФА отвори истрага за однесувањето на Даку

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни