Поврзете се со нас

Европски првенства

Даку ги навредувал само Македонците: Ништо не кажав за Србија, се срамам што го направив тоа!

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е еден од играчите кои го одбележаа ова Европско првенство, но во негативна смисла со еден непромислен потег за кој потоа заработи суспензија од Европската фудбалска федерација.

Тој се „залета“ по средбата со Хрватска и меѓу другото почна да ги навредува Македонците, потег кој му се удри од глава и за кој денеска се кае и срами.

-Сè излезе од контрола. Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера. Се разбира, оваа недела беше многу тешка. Соочен со притисок со кој никогаш порано не сум се соочил. Се најдов во центарот на скандал, поради што многу се срамам. Не сакав да предизвикам таква ситуација, а да не зборувам за тоа што предизвика голема врева во медиумите. Сè излезе од контрола. После вакво нешто е стресно, овие мисли не ме напуштаат. Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера.

-По првиот натпревар на турнирот со Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите. Не само навивачите, туку и медиумите вршеа притисок врз него. По натпреварот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина за навивачите да го примат, да го поддржат и да го споделат овој радосен момент со него. Потоа му дадоа мегафон, јас бев во близина. Подоцна мегафонот беше во моите раце и ги изговорив тие зборови.

-На ваквите натпревари навивачите често си дозволуваат да извикуваат навреди кон навивачите на другите земји. Оваа атмосфера ве следи во текот на играта и ве опкружува. Ова ги погодува сите на стадионот. Тој натпревар имаше емотивна завршница, израмнивме во последните минути, а јас дебитирав на турнирот. Затоа, емоциите се зголемија. Ова воопшто не ме оправдува. Веднаш по викањето сфатив што сум направил, реков „Тоа се несоодветни работи“. Бев шокиран што бев изложен на емоции и си дозволив такви работи, -истакна Даку кој посочи дека ја навредувал само Македонија и Македонците.

-Навистина не викав и не кажав ништо за Србија. Уште поважно, не требаше да кажам такви зборови на никој од луѓето. Ова е едноставно неприфатливо. Ова е ужасна работа и не ме радува, -вели Албанецот за руските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни