Поврзете се со нас

Англија

Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Евертон направи големо изненадување и славеше над Арсенал со 1-0 во првата средба од денешната програма од 22. рунда во Премиер лигата.

Гостите од Лондон важеа за апсолутни фаворити пред овој меч со оглед на формата и резултатите во кампањата, но домашниот тим предводен од новиот тренер Шон Чајч покажа заби, енергија и издвојува огромен триумф против лидерот во премиерлигашката конкуренција.

„Карамелите“ имаа шанси во првиот дел кои не ги искористите, но во 60 минута Тарковски се најде во вистинското место и погоди со глава за задоволство на најголемиот дел од присутните на „Гудисон Парк“.

До крајот немаше промени, па Евертон го прослави четвртиот сезонски триумф со кој излезе од зоната за испаѓање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни