Поврзете се со нас

Англија

Дајч пред гостувањето на Евертон во Манчестер: Што се случи со обвиненијата за Сити?

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Евертон утре се соочува со шампионот Манчестер Сити, а менаџерот Шон Дајч решил да ја актуелизира темата за двојните стандарди кога се во прашање казните за прекршување на Финансискиот фер плеј.

Неговиот тим е казнет со одземање 10 бодови, иако Премиер лигата го објави обвинението подоцна од тоа за Сити, клуб за кој се уште нема одлука и нема да има уште неколку месеци.

– Како и сите други и ние во Евертон се прашуваме како важат различни правила за различни клубови.

– Луѓето на улица ме прашуваат зошто токму Евертон? Не знам дали Сити го правел тоа за што е обвинет, но се споменуваат над 100 прекршоци, а помина многу време. Каде се обвиненијата за другите клубови?

– Дури не знам ни како се одговара за толку прекршоци, а главното прашање е зошто процесот не се забрзува, – прашал Дајч.

Натпреварот Сити-Евертон се игра утре од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни