Поврзете се со нас

Англија

Даглас Луиз го истрола Рио Фердинанд по пласманот на Астон Вила во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Астон Вила вчера и официјално доби потврда дека следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, епилог кој е повеќе од заслужен по она што го прикажа тимот на Унај Емери во Премиер лигата.

Една од ѕвездите на Вила, Даглас Луиз, го искористи поразот на Тотенхем за да му се реваншира на Рио Фердинанд, кој му фаќаше сеир пред неколку месеци.

Во февруари, Вила загуби на драматичен начин од Манчестер Јунајтед и покрај доцниот гол за израмнување на Луиз, па привремено им дозволи на ривалите да се приближат до Топ 4 пласманот.
Рио преку социјалните мрежи го прашуваше Луиз „Дали е ок?“ додавајќи емоџи со солзи.

Бразилецот очигледно не го заборави сеирот, па вчера го „поздравил“ поранешниот дефанзивец на Јунајтед.

– Дојдов овде само за да проверам дали Рио е ОК? – напишал Луиз.

Фердинанд подоцна му честитал за успехот на фудбалерот на Вила, „скромно“ додавајќи своја фотографија со пехарот во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни