Поврзете се со нас

Италија

Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи

Објавено

на

blank

Даглас Коста направи изненадувачки трансфер од Јувентус во редовите на Баерн Минхен во последните денови од летниот преоден рок.

Искусниот крилен фудбалер се врати на „Алијанц Арена“, овојпат како позајмен фудбалер од тимот на Јувентус од каде му беше посочено дека нема да се смета многу на неговите услуги за оваа сезона.

Со надеж дека ќе игра повеќе, Коста ја прифати понудата од Баерн Минхен, но ни таму фудбалерот не е често во тимот предводен од Ханси Флик.

Коста кој собра 22 настапи досега оваа сезона во Баерн Минхен, но повеќето му се од клупата за резервни фудбалери, најави враќање во Италија каде интерес за него има од тимот на Милан.

– Би сакал да се вратам во Италија, земјата која многу ја ценам. Давидиме што ќе се случи, јас се уште имам валиден договор со Јувентус, -изјави Коста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни