Даглас Коста испрати порака по исклучувањето против Сасуоло

daglas-costa3

Даглас Коста заработи многу критики поради своето неспортско однесување за време на дуелот меѓу Јувентус и Сасуоло, а покрај останатите потези, плукна во лице противнички фудбалер по што беше и исклучен во завршницата од средбата.

Неколку часа по завршувањето на средбата во Торино, Бразилецот јавно се извини за својот потег, испраќајќи порака преку Инстаграм.

– Сакам да им се извинам на сите фанови на Јувентус за погрешната реакција на денешниот натпревар. Исто така, им се извинувам на соиграчите, кои се покрај мене во лоши и добри времиња. Постапив лошо, свесен сум за тоа и им се извинувам на сите за тоа. Сакам да истакнам дека овој изолиран испад нема ништо заедничко со она што го покажував во досегашната кариера, – напиша Даглас Коста, кого сигурно го очекува жестока казна од дисциплинската комисија.

Facebook Коментари