Даде свој тип: Реднап прогнозираше кој ќе ја освои ЛШ во следната сезона

rednap

Искусниот англиски стручњак, Хари Реднап даде свој тип, односно прогнозираше кој ќе ја освои Лигата на шампионите во следната сезона.

Тој верува дека следува период на доминација на англиските екипи, но не смеа оти Ливерпул ќе го одбрани пехарот туку истиот ќе заврши во Манчестер кај Сити и избраниците на Пеп Гаврдиола.

-Чувствувам дека во наредните години, ЛШ ќе ја освојуваат англиските екипи. Манчестер Сити  е следната година, мислам дека тие се на ред. Ако морам да се обложам на победникот на следната година, би сакал тоа да биде Сити. Мислам двете полуфиналиња (Барселона-Ливерпул, Тотенхем-Ајакс) беа две големи пресметки. Натпреварот во Барселона, играта на Ливерпул, потоа камбекот на Тотенхем во второто полувреме против Ајакс беа фантастични. Ако убаво погледнам, можам да видам кој ќе доминира во следните години. Според мене Реал е во опаѓање, Барселона не е тоа што беше, Ливерпул покажа дека не сеплаши, -истакна Реднап за „Мирор“.

Facebook Коментари