Поврзете се со нас

Свет

Даде гол против Меси и славеше како Роналдо, Интер Мајами поразен во Ријад (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FOXSoccer

Најдобриот тим во Саудиска Арабија, Ал Хилал славеше над Интер Мајами со 4-3 на пријателскиот меч кој вечерва се одигра во Ријад.

Многу возбудливо и интересно беше на овој меч на кој домаќините водеа со 2-0, 3-1, но на крајот стигнаа до победа во 88 минута со погодокот на Малком.

Кога се во прашање домаќините интересна беше реакцијата на Бразилецот, Мишел кој откако го даде третиот гол тргна да го слави како Кристијано Роналдо со неговото препознатливо „Сиии“ со што сакаше да го испровоцира Меси.

Меси пак во вториот дел погоди од пенал, забележа асистенција при одличниот гол на Руиз, а кога се работи за Интер Мајами вреди да се каже дека Суарез го даде првиот погодок во овој дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни