Поврзете се со нас

Балкан

Даци по гол-шоуто против Галатасарај: Морав да ја искористам оваа шанса

Објавено

на

Со одличниот настап во победата на Коњаспор над Галатасарај, Ердон Даци го привлече вниманието на фудбалските фанови во Турција, но и на медиумите кои го сметаат за еден од „виновниците“ за големиот триумф на домашниот тим.

Даци ги постигна првиот и вториот гол за Коњаспор, која на крајот славеше со 4:3, а по мечот македонскиот репрезентативец скромно го коментирал својот настап.

– Навистина сум среќен, но за мене поважно од двата гола е победата на нашата екипа.

– Освоивме три бода против Галатасарај и навистина сме задоволни, благодарност и до тренерот кој ми даде шанса иако не играв во најдобра форма. Не сакав да го разочарам повторно, морав да ја искористам оваа шанса, – изјавил Даци за турските медиуми.

За 22-годишниот Даци ова беа први голови во шампионатот, Коњаспор со 22 бода е на 8 позиција на табелата.

Репрезентативецот во блескаво издание: Даци со два гола му пресуди на Галатасарај (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни