Поврзете се со нас

Свет

Даци дојде до „десетката“ за Вестерло (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот напаѓач, Ердон Даци го постигна својот десетти погодок за Вестерло во втората лига на Белгија.

Даци и колегите имаа фантастична претстава на гостувањето кај Мускрон каде славеа со неверојатни 6-2. Нашиот репрезентативец беше автор на еден погодок и тоа оној четвртиот за својата екипа откако украде една топка и потоа рутински истата ја смести во мрежата на Манданда.

Ова за Вестерло беше 17 победа и со вкупно 55 бода е на првото место на табелата, додека пак Ердон со десетте голови е на третото место на листата на стрелци зад Мадернер и Мертенс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни