Свет
Дабл-дабл партија на Шортс за дерби победа на Париз

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс го предводеше Париз до дерби победа во првата лига на Франција.
Париз во ефикасен меч успеа да биде подобар од составот на Бурк со 98:89. Ова беше дуел на две екипи кои ја претставуваат француската кошарка во двете најквалитетни клупски натпреварувања Евролигата и Еврокупот, меч кој на крајот го добија домаќините поради подоброто прво полувреме.
Гостите имаат плус три на паузата (50-53), но по одморот работите се променија, евролигашот одигра многу поцврсто, поангажирано во одбраната и воедно доволно ефикасно во нападот за да дојде до резултатот што го посакува.
Шортс беше во ритам со дабл-дабл учинок од 22 поени, 11 асистенции, а собра и 5 скока.
Париз сега го очекуваат два европски предизвици, соочувања со Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…