Светски првенства
Да Роса ја „спушти ролетната“, Бразил ја шокираше Шведска за историски пласман во четвртфиналето

Селекцијата на Бразил направи огромно изненадување и ја совлада Шведска на вечерашниот меч во Осло, победа со која испиша историја затоа што за првпат обезбеди место во четвртфиналето на Светско првенство.
„Кариоките“ ги добија Швеѓаните со 27:24 во средба во која блескаше голманот Да Роса кој имаше дури 20 одбрани. Бразилците клучната предност ја направија во првиот дел, период во кој се стекнаа со предност од 14:9 за да потоа го издржат силниот притисок од противникот и дојдат до билет за Топ 8 фазата.
Од оваа група пласман во наредната рунда обезбеди и Португалија, односно со празни раце останаа селекции како Шведска, Шпанија и Норвешка, сценарио кое никој не го очекуваше.
Во истиот термин во групата 4, Египет излезе како победник од соочувањето со Исланд со 26:25. „Фараоните“ потврдија дека се во подобар ритам од Словенција на овој шампионат и се во одлична позиција да се пласираат во четвртфиналето ако се земе предвид дека во последното коло играат со Зеленортските Острови.
-
НБА5 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија24 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Лига на шампиони21 час
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија23 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Англија21 час
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија6 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија5 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија20 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа