Поврзете се со нас

Македонија

Цврстиот Работнички ја неутрализираше Шкендија, Вардар настрада во Тетово

Објавено

на

Работнички делува нависитна цврсто и непријатно за било кој противник на тернеот под водство на повратникот Влахо, а тоа го почувствува и лидерот на табелата во Првата македонската фудаблска лига.

Шкендија беше потполно неутрализирана на националната арена „Тодор Проески“ и не создаде ниту една стопроцентна шанса за гол во дуелот со „романтичарите“, кои благодарение на организираното и цврсто издание конечно ја прекинаа црната серија на домашен терен против тимот од Тетово.

Работнички имаше пет последователни порази на домашен терен од тетовските „црвено-црни“, но денеска благодарение на пресингот и агресивната игра, на моменти беа и доста подобар и подиректен противник, па ако некој требаше да постигне гол, тоа беа домаќините. На овој натпревар, двајцата голмани немаа многу работа и во таква ситуација нивните мрежи мируваа, реми кое е најдобар вест за Шкупи кој славеше на гостувањето во Кратово со 0:1.

Силекс доби два црвени картони, а единствениот гол за победа на чаирчани го постигна Алварез на десетина минути пред крајот на средбата. Шкупи сега одново има минус шест во однос на Шкендија, а пет повеќе од Македонија Ѓорче Петров, тим кој денеска загуби од Академија Пандев со 2:1.

По храброто издание од пред неколку дена, Вардар денеска настрада во Тетово кај Ренова, а причина за тоа е црвениот картон на Величковиќ по кој домаќините добија и пенал. Селмани го реализираше истиот за 2:0 во 27-та минута, претходно погоди Шефити за 1:0, а конечните 3:0 ги постави Селмани со својот втор погодок.

На преостанатите два натпревари од Првата македонска фудбалска лига, Струга на домашен терен загуби од Пелистер, додека Борец на домашен терен славеше над Беласица со 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни