Цвијиќ погоди во последната секунда, судиите не го признаа голот на Србија (Видео)

Srbija-Holandija

Српската репрезентација одигра уште еден натпревар со драматичен финиш на ракометното СП во Германија, но овојпат голот кој го постигна Драгана Цвијиќ во последните секунди не беше регуларен.

Србија за противник ја имаше Холандија, а во финишот испушти три голови предност и Холанѓанките на неколку секунди до крајот преку Грот успеаја да стигнат до 27:27. Србинките имаа уште еден обид, Цвијиќ биеше директно од центар, го погоди празниот гол, но шведските судии го поништија погодокот затоа што се движела при шутирањето.

Facebook Коментари