Цветковски на ниво, но Егер потфрли во нападот

jane pozdrav so kolegite od eger 2019

Македонскиот голман Јане Цветковски имаше уште едно позитивно издание во дресот на унгарскиот Егер со 11 одбрани на натпреварот со Комлои.

Домашните одлично го започнаа мечот, постојано зголемувајќи го водството благодарение на сигурните интервенции на Цветкосвки и добрата реализација, па на полувремето водеа со 14:10. Но, ситуацијата на теренот во вториот дел го кажува сосема спротивното: по одлуката на тренерот Едмонд Тот да го повлече Цветковски на голот и да му даде шанса на вториот голман, истовремено опаѓа и нападот, па во вториот дел домашните постигнале само 8 погодоци.

Наспроти ова, играчите на Комлои лесно ја решетале мрежата на Егер во отсуство на Цветковски и успеале да направат пресврт за конечни 22:24.

Ова е трет пораз во низа за Егер, поради што следниот натпревар со Ваци кој е последен на табелата има круцијално значење во обезбедувањето на опстанокот. Во моментов Егер е на 10 место од 14 екипи со 9 бода.

Facebook Коментари