Цветковски клучен во пресвртот: Егер славеше против Орошази

jane na golot na eger vs oroshazi 2019

Македонскиот интернационалец, Јане Цветковски, незапирливо ги освојува симпатиите на унгарските ракометни фанови по трансферот во Егер, откако неговиот тим со пресврт успеа да стигне до првата победа оваа сезона совладувајќи го Орошази со 27:24 (12:10).

Цветковски, кој го одби бунделигашот Вецлар да остане како трет голман, како прв чувар на мрежата на Егер беше клучен за пресвртот и првата победа сезонава. Гостинскиот тим поведе во средбата, но имаа сили да играат на високо ниво само 20 минути, притоа одвојувајќи се на само еден до два гола разлика. Сепак, ракометарите на Егер со расположениот Цветковски на голот и покрај лошиот почеток, успеаја да го свртат натпреварот во своја корист пред полувремето кога заводеа со 12:10. Потоа гостите веќе не се доближија и победата на Егер не беше доведена во прашање, бидејќи во три наврати во вториот дел домашните стигнуваа до водство од пет разлика, па тренерот Едмонд Тот на крајот реши да му даде шанса и на вториот голман, кој го замени Цветковски по 45 минути на голот и остварени 8 интервенции, при што една од пенал.

Следен натпревар на Јане и Егер ќе биде на 28 септември, кога гостуваат кај Балатонфуред.

jane pozdrav so kolegite od eger 2019

Facebook Коментари