Поврзете се со нас

Македонија

Цветковски ја заврши кариерата, Андоновски и Димов потпишаа нови договори со Пролет

Објавено

на

Тимот на Тинекс Пролет успеа да ги продолжи договорите со средниот бек Ласко Андоновски и десното крило Мартин Димов.

Тоа се двајца клучни играчи на составот од изминатава сезона, па затоа големо е задоволство кај клубот, но и кај самите играчи кои остануваат во добро позната средина.

-Чест ми е и задоволство што и после десет години соработка ќе продолжам да го носам дресот на Тинекс Пролет, клубот во кој ги доживеав најубавите моменти од мојата кариера. Очекувам навистина успешна следна сезона согласно и амбициите, името и реномето на овој клуб кои ги ужива во македонскиот ракомет, -порача Андоновски за официјалниот клупски сајт.

Кога е во прашање овој македонски прволигаш вреди да се напомене дека истиот веќе го обезбеди потписот на репрезентативец Томи Јагуриновски, најавени се и нови засилувања, но во исто време си оди голманот Јане Цветковски кој одлучи да и стави крај на кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни