Цветковски и Иштад со победа до второто место во Шведска!

jane cvetkovski givemefive

Јане Цветковски има уште една успешна сезона во својата интернационална кариера, помагајќи му на својот нов клуб Иштад да се врати на второто место во шведската ракометна супер-лига со победата на домашен терен над Сковде со 34:21 (16:10).

Одбраната на гостинскиот тим ги издржа само првите пет минути од натпреварот, по што започна билдањето предност, пред се благодарение на добрата одбрана и брзите полуконтри. Цветковски го дели местото во тимот со резервниот шведски репрезентативен голман Андерс Персон, па за разлика од дуелот со поранешниот тим Хелсинборг кога бранеше 60 минути, сега доби шанса во последните 17 минути. Во тој период Цветковски имаше 4 одбрани од 11 удари.

Со овие два бода Иштад има 12 и се враќа на второто место во лигата, откако минатото коло загуби од Редберглидс, кога ривалите за врвот имаа свој ден, но учинокот на Цветковски повторно беше на ниво со 4 одбрани од 9 примени удари, плус постигнат гол. Вечерва се игра дерби натпреварот меѓу Кристијанштад и Реберглидс.

Facebook Коментари