Цветковски дебитираше, Вецлар не најде решение за Мелсунген

filip-veclar

Македонските ракометни интернационалци, Филип Миркуловски и Јане Цветковски со нивниот Вецлар доживеаа уште еден пораз во Бундеслигата.

Овој пат тие како домаќините загубија од составот на Мелсунген со 34-26, во меч во кој во целост беа надиграни од противникот. Ракометарите на Мелсунген си го отворија патот до победата уште во првото полувреме кога дојдоа до позитива од плус пет 16-11, а пак во продолжението оваа предност ја задржаа и зголемија за трети триумф во кампањата.

Миркуловски не постигна гол и запиша една асистенција, додека Цветковски дго одигра првиот свој меч во новата средина или поточно на теренот беше седум минути.

Следниот натпревар за Вецлар е на гостински терен против Лајпциг.

Facebook Коментари