Поврзете се со нас

Македонија

Цветановски донесе победа за Вардар, Работнички со три бода се враќа од Тетовo

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар славеа над Шкупи со 1-0 во натпреварот на денот во првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот македонски шампион се избори за славје против големиот ривал кој во средбата на националната арена „Тодор Проески“ дојде како единствена екипа без пораз во домашниот шампионат. Доста возбудувања имаше на средбата, но клучниот момент се случи во 52 минута кога Цветановски биеше, голманот Наумовски слабо реагираше и топката заврши во мрежата на гостите.

Ова за избраниците на Васоски беше втора победа во петтото коло или поточно со седум бодови се наоѓа во групата на екипи од 6 до 8 позиција на таелата (Струга ТЛ и Македонија ЃП).

Работнички пак како гостин беше подобар од Ренова со 1-0 со голот на Петковски во второто полувреме.

Резултати:

ВАРДАР – ШКУПИ 1-0
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 0-1
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0

ВЧЕРА

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни