Поврзете се со нас

Свет

Цветаноски со прв интернационален предизвик, потпиша за унгарски Ѓирмот

Објавено

на

Еден од најдобрите фудбалери во домашниот шампионат, Матеј Цветаноски си замина од Шкупи и потпиша договор со тимот на Ѓирмот.

Ова за офанзивецот ќе биде прв интернационален предизвик откако тој претходно со успех настапуваше во домашното првенство во дресотвите на Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Шкупи.

Цветаноски треба да претставува засилување за унгарскиот тим кој до крајот на сезоната грчевито ќе се бори за опстанок во унгарската најдобра лига.

Во моментов Ѓирмот е закован на дното на унгарскиот шампионат со 14 освоени бода, три помалку од тимот на Ујпешт кој се наоѓа надвор од опасната зона.

Унгарија стана топ дестинација за македонските интернационалци кои се почесто се одлучуваат за трансфер во оваа земја која и тоа како напредува во клупскиот фудбал.

Да потсетиме, само пред неколку години Енис Барди реализираше супер трансфер во Леванте токму од Ујпешт, а сега се најавуваат убави трансфери и за Бојан Миовски и Никола Серафимов кои имаат доста забележителни настапи за своите клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни