Поврзете се со нас

Македонија

Цветаноски потпиша за Шкупи: Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема традиција

Објавено

на

Матеј Цветаноски од денеска официјално е нов член на екипата на Шпупи. Ова изминативе денови се најавуваше за да сега стигне потврда за договорот кој со важност од две години.

Тој во Чаир доаѓа од Вардар каде беше еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“, клуб кој има многу проблеми и останува неизвесно како ќе го продолжи вториот дел од шампионатот.

-Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема традиција како на домашната така и на меѓународната сцена. Според мене понудата што ми ја даде Шкупи  беше најдобра за мојата кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, тука сум да му помогнам на тимот. Сакам да им се заблагодарам на сите за тоа што одлично ме примија, добар дел од играчите веќе ги знам и верувам дека брзо ќе се адаптирам на играта, -порача Цветаноски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни