Поврзете се со нас

Македонија

Цветаноски погоди за победа во 92. минута, Струга ќе презими на седмото место

Објавено

на

Ова попладне се спушти завеса на есенскиот дел од сезоната во Првата македонска лига, бидејќи во Струга беше одигран одложениот натпревар од 18-то коло.

Домашната Струга успеа да ја победи Ренова со гол постигнат во судиското продолжение, период во кој како херој се истакна Дејан Цветаноски.

Првото полувреме беше навистина мирно и тивко, но во вториот дел изобилуваше груба игра и остри стартови, па по еден таков, Ренова остана со играч помалку.

Бајрами доби директен црвен картон во 64-та минута, а тоа и овозможи на Струга да изврши силен притисок, кој на крајот резултираше со гол во 92-та минута.

Со оваа победа, Струга се искачи на седмото место на табелата, додека Ренова ќе презими две места погоре, односно на петтата позиција која ја дели со Македонија Ѓорче Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни