Поврзете се со нас

Формула 1

Цунода заработи петцифрена казна поради навредување на ривал преку радио врската

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/visacashapprb

Формула 1 возбудувањата во Австрија досега минаа во знакот на Макс Ферстапен, кој успеа да ги добие сите досегашни дуели со своите ривали, но ќе треба да го заокружи впечатокот на главниот настан, односно денешната главна трка.

Во меѓувреме, неговиот помлад колега Јуки Цунода ќе мора да исплати солидна парична казна поради своето однесување за време на вчерашните квалификации.

Членот на вториот тим на Ред Бул се налутил на однесувањето на азискиот ривал Жу Гванју на патеката и преку радио комуникацијата им соопштил на колегите дека „овие момци се е…о ретардирани“.

Стјуардите по квалификациите го повикале Цунода да даде изјава, објаснувајќи му дека прекршил неколку етички правила со своите зборови, по што Јапонецот ја прифатил одговорноста, но и казната. ФИА го казнила Цунода со 20.000 евра, плус 20.000 евра условна казна која ќе важи до крајот на сезоната и ќе се активира ако Јапонецот направи сличен испад.

Во меѓувреме, Ф1 пилотот се извини јавно за своето однесување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни