ЦСКА со пресврт во последниот период го надмудри Реал за Ф4 финале

cska-real

ЦСКА Москва имаше двоцифрена негатива во второто полувреме на дуелот со Реал Мадрид, но не само што не се предаде, туку рускиот тим направи и целосен пресврт (95:90) и обезбеди ново финале на фајнл-фор турнирите на кошаркарската Евролига.

На полувреме Реал имаше само два поена позитива, но во третиот период го засили темпото и стигна до највисока предност 51:65, која не беше доволна за победа до крајот. Последниот период започна со плус осум за шпанскиот клуб, но ЦСКА беше многу подобар тим во завршните десет минути и славеше во Виторија со 95:90.

Де Коло и Родригез со по 23 поени беа најдобри реализатори во победничкиот тим, додека кај Реал најрасположен беше Козер кој го заврши натпреварот со 18 поени.

Финалето на Ф4 турнирот е во недела од 20:30 часот, а ЦСКА ќе игра против Анадолу Ефес.

Facebook Коментари