Лига на шампиони
ЦСКА не успеа повторно да го изненади европскиот шампион, Ристовска имаше квалитетна партија

Составот на ЦСКА Москва од кој дел е Сара Ристовска не успеа да направи второ изненадување против европскиот шампион Кристијансанд и попладнево загуби со 32-28 во средбата од 10. коло од групата Б во Лигата на шампионите.
Норвешкиот претставник влезе далеку поподготвено и од самиот почеток беше тој кој го контролираше темпото и резултатот. Првиот дел го реши со плус три (16-13), додека во второто полувреме водеше и со шест разлика за да на крајот се заврши со победа од четири голови.
Јерабкова со 8 гола беше најефикасна кај победникот, Грос пак со 9 кај поразените и воедно на средбата.
Македонската репрезентативка Ристовска се прикажа во добро светло и даде четири погодоци од шест обиди.
ЦСКА Москва со 10 бода е на 5 место на табелата, следното коло носи пресметка со Савехов во Шведска.
-
Македонијапред 12 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 17 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Англијапред 20 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 20 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 19 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 17 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Македонијапред 10 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“