Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА Москва го доби потписот на Шенгелија

Објавено

на

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва денеска потврди дека нов член на екипата ќе биде Токо Шенгелија.

Шенгелија доаѓа од редовите на Басконија каде настапуваше последните шест сезони и ќе потпише тригодишен договор со ЦСКА.

– Тој е наша цел повеќе години и конечно успеавме да го ангажираме.

– Се надевам дека заедно со останатите играчи, Токо ќе овозможи да останеме во врвот на европската кошарка, – изјавил тренерот Димитрис Итудис.

Грузискиот репрезентативец зад себе има и НБА искуство, откако настапуваше за Чикаго и Бруклин, a во веќе завршената сезона и помогна на Басконија да стигне до титула во шпанското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни