Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА ја доби драмата во Истанбул, сефте славје за Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на ЦСКА Москва излегоа како победници од битката со Фенербахче во најинтересниот меч од 3. коло во Евролигата.

Дуелот во Истанбул беше изедначен, двете екипи максимално се бореа, решаваа навистина мали нијасни кои беа на страната на рускиот клуб кој по дополнителните пет минути се радуваше на триумф од 78-77. Регуларниот дел заврши без победник (69-69) откако Клајбурн погоди за три на 16 секунди до крајот, а потоа неуспешни обиди имаа Браун и Весели.

Продолжението го реши Клајбурн со три поени на 11 секунди до крјаот, поточно погоди под прекршок, плус слободно фрлање што се покажа како доволно со оглед на тоа што Фенербахче потоа не го реализираше својот напад.

Клајбурн со 26 кошеви, 6 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки беше играч број еден кај победникот, на спротивната страна прв стрелец беше Де Коло со 21 поен.

Реал Мадрид во третиот меч дојде до првиот триумф во Евролигата и тоа против ослабениот Химки кој падна во шпанската престолнина со 94-85. Бековите Љуљ и Лапровитола искомбинираа 40 поени за „кралевите“, а пак Букер за Химки беше автор на 22 поени со 6 скокови.

Останати резултати:

Макаби ТА-Баерн Минхен 82-85

Олимпијакос-Милано 86-75

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни