Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА избори фајнл-фор, Барселона го врати брејкот против Зенит

Објавено

на

ЦСКА Москва е првиот патник на фајнл-фор турнирот на кошаркарската Евролига, додека Барселона го врати брејкот на гостувањето кај Зенит.

Рускиот состав денеска и трет пат го победи Фенербахче, прв пат на гостински терен, па со триумфот 68:85 ја заокружи четвртфиналната серија со победа од убедливи 3:0.

Клајбурн со 34 и Лундберг со 22 поени биле најефикасни во редовите на ЦСКА, која го реши победникот уште во третиот период.

Зенит не успеа да ја победи Барселона на првиот натпревар во Русија (70:78), што значи дека Барселона сега води со 2:1 во серијата и се реваншираше за поразот на домашен терен.

Дејвис со 22 поени и 8 скокови бил најдобар поединец во редовите на гостинската екипа, која и следниот натпревар го игра на теренот на Зенит.

На третиот натпревар меѓу Баерн и Милано славеа домаќините (85:79), со што намалија на 1:2 и ќе се обидат да израмнат на четвртиот натпревар кој ќе го играат на домашен терен.

Лучиќ со 27 поени го предводеше германскиот состав, додека Болдвин и Ципсер реализирале по 11 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни