Поврзете се со нас

Свет

ЦСКА го доби потписот на најдобриот стрелец во Евролигата

Објавено

на

Најдобриот руски тим ЦСКА Москва го обезбеди потписот на најдобриот стрелец во Евролигата-тоа е 32-годишниот Алексеј Швед.

Швед ја прифати понудата од „армејците“ и одново ќе го носи дресот на истите со оглед на тоа што беше нивни член во периодот од 2006 до 2012 година. Потоа плејмејкерот играше во НБА лигата и тоа во Минесота Тимбервулвс, Хјустон Рокетс и Њујорк Никс по што од 2015 го оваа 2021 година го носи дресот на Химки.

Химки се соочува со финансиски проблеми, па сосема разбирливо е што Швед како најскапоплатен играч си замине од тој клуб и се врати во ЦСКА со која потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона.

-Многу ми е драго што се вратив дома во најсилниот европски клуб. Се надевам дека заедно ќе дојдеме до максималните резултати. Ќе работиме напорно на ова. Со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната, нетрпелив сум да се вратам на паркетот во боите на ЦСКА ,-порача Швед кој минатата кампања во Евролигата ја заврши како најдобар стрелец и асистент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни