Поврзете се со нас

Балкан

ЦСКА 1948 e подготвена да издвои 100.000 евра за Бабунски

Објавено

на

Македонскиот напаѓач, Дориан Бабунски игра во одлична форма во оваа сезона во првата лига на Бугарија, па со тоа си ги отвара вратите за трансфер во 2022 година.

Членот на Ботев Враца со 8 голови е меѓу најдобрите стрелци кај нашиот источен сосед со што го привлече вниманието на себе. Една од можностите е да се пресели во странство, но исто така има шанса да остане во Бугарија каде интерес има од неколку поголеми тимови од оној за кого сега настапува.

Имено медиумите во оваа земја пренесуваат дека ЦСКА 1948 е подготвена да плати 100.000 евра за Дориан за да го види во своите редови. Толку изнесува откупната клаузула, ама последниот збор ќе го има играчот кој има и други понуди на маса или поточно целта е да дојде до екипа во која ќе може да го продолжи својот развој.

Бабунски своевремено беше дел од школата на Реал Мадрид за да потоа преку Шпанија, Словенија, Јапонија пристигне во 2020 во Враца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни