Поврзете се со нас

Репрезентација

„Црвено-жолтите“ бараат поддршка: Слободен влез за полна сала и победа над Словачка

Објавено

на

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација имаше победнички почеток на претквалификациите за Евробаскетот (2025) и тоа во Нествед каде беше совладана селекцијата на Данска со 73-70.

Време за славје и одмор нема затоа што момците на Јончевски веќе во недела ги очекува нов предизвик, овојпат на домашен терен против Словачка. Ова е дуел кој мора да се добие за да се потврди триумфот над Данците, па тоа добро го знаат и луѓето во нашата куќа на кошарката кои одлучија влезот да биде слободен во СРЦ „Кале“.

Ова е можност салата да се наполни до последнот место и кошаркарите да добијат максимална подршка во обидот да го потврдат статусот на фаворити. Средбата се игра од вечерниот термин од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни