„Црвено-црните“ запрени во Полска: Кјелце ја доби „војната“ и му го нанесе првиот пораз на Вардар

karacic

Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во оваа сезона во Лигата на шамоионите и тоа на гостувањето во Полска кај Кјелце со 31-27.

Во меч во кој донесе голема борба, нервоза и два црвени картони (Борозан и Душебаев), домашниот тим успеа да ја добие војната и да дојде до четвртата победа во низа во елитното натпреварување. Најдобриот полски состав беше подобар на оваа средба, го контролираше резултатот од почетокот до крајот и заслужено дојде до двата бода.

Вардарци од друга страна не успеаа да го пронајдат посакуваниот ритам, пред се одиграа под нивото во одбрана (31 постигнат гол), врз играта секако влијаеше и црвениот картон на Борозан во првиот дел, ама ако се земе се во предвид ова беше најлошиот натпревар во актуелнава сезона во ЛШ.

На крајот голманот Милосављев забелажа 10 одбрани, Дибиров и Скубе дадоа по 6 голови. Кај победниците блескаше поранешниот вардарец Циндриќ со осум постигнати голови.

Facebook Коментари