Поврзете се со нас

Македонија

„Црвено-црна“ армија: Акцијата на Комити успеа, продадени се рекорден број на карти (ФОТО)

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се наоѓа во тешка ситуација, па неговите најверни навивачи „Комитите“ се одлучија да спроведат акција за спас на клубот и тоа со купување на билети за вечното дерби против Пелистер кое се игра во недела на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Акцијата трае веќе некое време, а „Комитите“ ја информираа јавноста дека веќе е надмината границата од 20.000 билети со што е поставен рекорд кога е во прашање домашен спортски настан, поточно продажба на влезници.

До неделниот дуел има уште два дена, па се очекува да бидат продадени уште билети и со тоа да се соберат дополнителни финансиски средства за помош на ФК Вардар, гордоста на Скопје и Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни