Црвените картони на Душебаев и Борозан од друг агол (Видео)

vuko borozan vs kiel april 2018

Македонскиот ракометен првак, Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето кај Кјелце во Полска.Вардарци загубија со 31-27, во меч во кој постојано го бркаа водството на противникот.

,,Црвено-црните” спортски го признаа поразот иако не заборавија да споменат оти ситуацијата можеше да биде поинаква ако Вуко Боразан не добиеше црвен картон во првото полувреме.  Но, тука беше и исклучувањето од спротивната страна и тоа со Алекс Душебаев на стартот на второто полувреме.

Душебаев влезе во дуел со Даниил Шишкарев, по што ,,вардарецот” реши да му се извини,но овој не сакаше да се смири и го избутка од него. После тоа, реагираше судијата и му досуди исклучување на Душебаев.

Facebook Коментари