Олимписки игри
„Црвената фурија“ е златна по 32 години: Шпанија ја „нокаутираше“ Франција во лудиот меч во Париз (ВИДЕО)
Селекцијата на Шпанија е победник на олимпискиот турнир во фудбал и тоа откако во завршниот меч во Париз беше подобра од домаќинот Франција.
Французите и Шпанците одиграа луд натпревар на „Паркот на принцовите“, натпревар кој донесе осум голови и кој беше решен по дополнителните 30 минути.
Домаќините го зададоа првиот удар по грешката на голманот Тенас, но расположениот Лопез со два гола и Баена со мајсторија од слободен удар донесоа водство за „црвената фурија“ од 3-1 по првото полувреме.
Меѓутоа „триколорите“ се вратија во второто полувреме и дојдоа до 3-3 со гол од пенал на Матета во 93 минута.
Сепак Шпанците го имаа последниот збор и со двата гола на Камелјо во 100 и 121 минута дојдоа до славје од 5-3 и прво фудбалско злато по пауза од 32 години од генерацијата на Енрике, Гвардиола, Амависка, Кањизарес…
Само за потсетување вчера Мароко го разби Египет во борбата за бронзениот медал.
Каков проектил: Хакими со страшен погодок ја завери бронзата за Мароко (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
По Костиќ, Мурињо ќе ја спасува и пропаднатата ѕвезда на Јунајтед вредна 95 милиони евра
-
Лига на нациипред 21 час
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 19 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Англијапред 23 часа
Рангник се потсети на изјавата која ја даде за Јунајтед пред две години: Испадна дека бев во право!
-
Балканпред 23 часа
Легендарен хрватски голман: Го наплатив долгот од Динамо после 17 години!
-
Италијапред 19 часа
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Оби Микел откри зошто пропадна трансферот на Осимен во Челси: Двете страни направија компромис, но….