Поврзете се со нас

Македонија

Црвена Звезда со специјална објава се збогува од великанот Дојчиновски (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/crvenazvezdafk

Кирил Дојчиновски почина во 79-та година од својот живот и македонската јавност со огромна жалост ја пренесе веста за големата фудбалска загуба, а тажната вест брзо се пренесе и во Србија.

Легендарниот Дојчиновски беше фудбалска величина на светско ниво бидејќи се прочу и надвор од овие простори како фудбалски стручњак, но кога е во прашање играчката кариера, најнезаборавните моменти ги имаше во Црвена Звезда.

Поради тоа, српскиот фудбалски гигант со огромно жалење ја прими лошата вест од Македонија и со посебна објава го изрази жалењето за огромната загуба.

– Црвена Звезда со горомно жалење ја известува јавноста дека засекогаш не напушти уште едно фудбалско име, а станува збор за Кирил Дојчиновски кој почина во 79-та година во животот. Легендарниот македонски фудбалер го носеше црвено-белиот дрес неполни седум години, а за тоа време одигра повеќе од 400 натпревари и освои шест трофеи. Нашиот клуб изразува длабоко сочувство до семејството Дојчиновски. Вечна слава!, – гласи објавата на Звезда.

На Твитер, српскиот клуб посвети и специјално видео во чест на Дојчиновски, во кое се вели дека Македонецот одиграл точно 420 натпревари за првиот тим на Звезда и го носел нивниот дрес од 1967-та до 1974-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни