Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда се засили со досегашен кошаркар на Барселона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда денеска го потврди новото засилување за претстојната сезона, а се работи за кошаркар кој доаѓа од редовите на Барселона.

Клубот му посака добредојде на Никола Калиниќ, српскиот кошаркар кој третпат ќе го задолжи „црвено-белиот“ дрес, со кој освои неколку трофеи и беше МВП во АБА лигата.

Калиниќ токму со игрите во дресот на српскиот шампион го привлече вниманието на европските клубови и си обезбеди трансфер во Фенербахче, а подоцна настапуваше и за Валенсија.

По сезоната 2021/22 во која повторно беше дел од Црвена Звезда, Калиниќ стана член на Барселона и две години подоцна се враќа во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни