Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Црвена Звезда се „распука“ во Белград и го продолжува патот кон ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Српскиот првак, Црвена Звезда успеа да го мине Каират Алмати во квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ загубија со 2-1 на првата средба во Казахстан, но вечерва во Белград покажаа дека се за класа подобри од противникот совладувајќи го со 5-0. Избраниците на Дејан Станковиќ уште во првиот дел го уништија Алмати со трите погодоци кои беа дело на Катаи (2) и Диони.

Во вториот дел фантастичната вечер ја потврдија Иваниќ и Фалко, па сега Звезда ќе може да се фокусира на наредниот противник-тоа е Шериф Тираспол од Молдавија.

Резултати:

Нефчи – Олимпијакос 0-1 (0-2)
Шериф Т. – Алашкерт 3-1 (1-0)
Клуж – Линколн 2-0 (2-1)
Митјиланд – Селтик 2-1 по продолженија (1-1)
Галатасарај – ПСВ 1-2 (1-5)
Лудогорец – Мура 3-1 (0-0)
Јанг Бојс – Слован Б. 3-2 (0-0)
Црвена Звезда – Каират А. 5-0 (1-2)
Спарта П. – Рапид В. 2-0 (1-2)

(тимовите со црно обезбедија место во третото квалификациско коло).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни