Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда прослави нова титула на денот кога го одбележува големиот триумф во Бари

Објавено

на

Црвена Звезда го одигра првиот натпревар по паузата поради коронавирусот и со убедливата победа над Рад ја обезбеди и шампионската титула.

„Црвено-белите“ предводени од Дејан Станковиќ славеле против Рад со високи 5:0 како гости и на тој начин го најавија славењето на новата шампионска титула.

За Црвена Звезда ова е 31. титула, а откако во скратениот формат на шампионатот има недостижна предност на три кола до крајот.

Славјето на навивачите кое веќе започна во Белград се совпадна со денот во кој Црвена Звезда одбележува 29 години од освојувањето на првата и единствена европска титула.

Важен дел од таа екипа во 1991 година беа и нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни