Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Црвена Звезда прими урнебесен гол и доживеа болна елиминација од Омонија (Видео)

Објавено

на

Откако вчера Бенфика беше шокирана од ПАОК на гостувањето во Грција, денеска рана елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите доживеа и Црвена Звезда.

Српскиот првак не ја оправда фаворитската улога која ја имаше пред гостувањето на Кипар, бидејќи работите тргнаа на лошо со примениот урнебесен гол, а завршија катастрофално по пенал рулетот.

Омонија победи на натпреварот кој го одигра на домашен терен без публика, откако на пеналите славеше со 4:2 во ситуација кога резултатот во регуларниот дел беше 1:1.

Домаќинот поведе со навистина комичен гол, кога Луфтнер ни крив, ни должен, се израдува на водечки гол. По еден корнер, голманот Борјан и потесната одбрана имаа лоша реакција, па топката од дирекот се одби во Луфтнер кој се запиша во листата на стрелците.

Ова се случи во 31-та минута, а иако Звезда израмни на 1:1 преку Иваниќ, трагичари во пенал рулетот беа Фалчинели и Дегенек кој не реализираа од 11 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни