Поврзете се со нас

Свет

Црвена Звезда пред Ливерпул , Челси, Арсенал, Рома на табелата за најдобри клубови во Европа на сите времиња

Објавено

на

Еден од најпознатите медиуми кои се занимаваат со фудбалската статистика „swissfootballdata“ објави интересно истражување според кое ги доби најдобрите тимови во Европа на сите времиња.

Критериум на швајцарскиот сајт бил бројот на освоени бодови за коефициент на УЕФА, започнувајќи од натпреварувањата под капата на УЕФА од 1955/56 година.

На врвот на споменатата листа е Реал Мадрид кој има 180.505 бодови, а потоа следат Барселона (173.566), Бенфика (140.519), Баерн Минхен (134.694), Јувентус (133.934), Ајакс (126.650) и Манчестер Јунајтед (119.195) како гиганти на европскиот фудбал.

Интересно е тоа што на 14. позиција на оваа табела се наоѓа Црвена Звезда, клуб во кој продефилрале бројни македонски фудбалери кои оставиле печат на европска сцена.

Според податоците на „swissfootballdata“ Црвена Звезда се наоѓа пред гиганти како Ливерпул, Атлетико Мадрид, ПСВ, Арсенал, Рома, Челси, ПСЖ, Манчестер Сити, Селтик кои имаат помалку бодови од српскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни