Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Црвена Звезда третпат ќе игра во Лигата на шампионите со Милојевиќ на клупата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/crvenazvezdafk

Црвена Звезда го победи Бодо на домашен терен со 2:0 и си обезбеди нов пласман во групната фаза на фудбалската Лига на шампиони.

Повторно предводен од Владан Милојевиќ од клупата, српскиот претставник го направи и последниот чекор за толку посакуваниот успех и сега со нетрпение ќе ги очекува противниците во новиот формат на најквалитетното европско натпреварување.

Милојевиќ со „црвено-белите“ обезбеди место во Лигата на шампионите и во сезоните 2018/19 и 2019/20.

Белградскиот состав поведе од пенал со голот на Дуарте, а во вториот дел Спајиќ ги постави конечните 2:0, што беше доволно за елиминација на противникот, со оглед на фактот што Норвежаните ја добија првата средба со 2:1.

Бодо ќе мора да се задоволи со место во групната фаза на Лига Европа, а „црвено-белите“ со задоволство ќе ја следат утрешната ждрепка закажана во 18 часот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни