Балкан
Црвена Звезда потврди, го повлекува од употреба бројот на легендарниот Џајиќ

Управниот одбор на Црвена Звезда денеска и официјално ја потврди одлуката според која од следната сезона од употреба ќе биде повлечен дресот со број 11.
Потегот се прави во чест на клупската легенда Драган Џајиќ, еден од најдобрите фудбалери во историјата во екс-ју регионот, а подоцна и успешен претседател на српскиот клуб.
– Нема зборови со кои би можел да се заблагодарам за чинот на повлекување на дресот со број 11. Кога ќе поминете 60 години во Звезда и потоа ќе добиете вакво признание, мора да бидете среќни и задоволни, – изјавил емотивниот Џајиќ.
Ова е трет број кој веќе нема да може да се користи од фудбалерите на поранешниот европски шампион, по тој со број 12 кој е повлечен во чест на навивачите и бројот 26 повлечен во чест на трагично починатиот Горан Гогиќ.
Осман Букари кој сезонава го носи дресот со број 11 ќе биде негов последен сопственик, а од следната сезона ќе мора да си избере друг број.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар