Црвена Звезда обезбеди европска пролет, навивач починал во пеколот на „Маракана“

Zvezda-Keln

Фудбалерите на Црвена Звезда ги израдуваа своите фанови и со триумфот над Келн со 1:0, обезбедија европска пролет по пауза од 25 години.

„Црвено-белите“ славеа минимално со голот на Срниќ постигнат во првиот дел, со што се најдоа во 1/16 финалето на Лига Европа, а натпреварот покрај со фантастичната атмосфера на стадионот, беше одбележан и со многу инциденти, од кои голем дел ги предизвикаа и гостинските навивачи.

Полицијата информира за многу повредени навивачи, но за жал и за едно починато лице. Срцето на еден фан на Звезда не ги издржало возбудувањата на „Маракана“, а лекарите не успеале да го реанимираат и да му го спасат животот, јавуваат српските медиуми.

Facebook Коментари