Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда му додели специјална награда на Ѓуровски: Ова ќе го паметам до крајот на животот

Објавено

на

Црвена Звезда денеска слави убав јубилеј по повод 80-годишните на клубот, а по тој повод, водечките структури на српскиот великан подготвија и специјални плакети за луѓе кои беа важен дел во изминатите осум децении.

Бошко Ѓуровски како македонски претставник доби награда за животно дело за оваа 2024-та година, додека во женска конкуренција, исто признание доби и Јасна Шекариќ.

– Вистинска чест и гордост е што добив награда за животно дело. Црвена Звезда ја препозна мојата љубов кон клубот, мојата посветеност, верност и навистина сум благодарен поради тоа.

– Црвена Звезда е моја судбина, оваа награда ќе ја паметам до крајот на животот, – изјавил Ѓуровски пред српските новинари.

Бошко 11 години го носеше дресот на Црвена Звезда во играчката кариера, потоа работеше како асистент, но доби шанса и да го води омилениот тим како шеф на стручниот штаб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни