Поврзете се со нас

Лига Европа

Црвена Звезда ќе плати „скап билет“ за несовесниот навивач кој го навредуваше Ибрахимовиќ

Објавено

на

Дисциплинската комисија на УЕФА денеска ја соопшти казната за фудбалскиот клуб Црвена Звезда, изречена поради навредите упатени на сметка на Златан Ибрахимовиќ, на дуелот од Лига Европа меѓу српскиот шампион и Милан.

Непознато лице кое добило пристап на трибината на белградска „Маракана“ го навредуваше Швеѓанецот на националистичка основа, а поради ова Црвена Звезда ќе треба да плати казна од 30.000 евра и да одигра еден европски натпревар без публика.

Покрај овој инцидент, „црвено-белите“ се казнети и поради други организациски пропусти и непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот, па клубот доби условна казна за затворање на трибините на две средби, доколку се повтори и најмал инцидент во рок од една година.

Натпреварот се играше без присуство на публика, а иако Црвена Звезда најави реакција, досега се уште не е објавен идентитетот на лицето кое го навредуваше Ибрахимовиќ.

Како дополнителен напор за сузбивање на ваквите појави, српскиот претставник ќе мора да постави и огромно знаме со пораката „Не за расизмот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни