Поврзете се со нас

Евролига

Црвена Звезда го потопи Фенербахче, Реал го доби шпанското дерби во Евролигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/kkcrvenazvezda

Евролигашките натпревари одиграни денеска донесоа две национални пресметки во кои славеа Виртус Болоња и Реал Мадрид, додека Црвена Ѕвезда лесно излезе на крај со Фенербахче.

Реал Мадрид беше поуспешен во завршницата на гостувањето кај Валенсија (73:76) и освои важни бодови на теренот на незгодниот ривал, а најдобри реализатори биле Дек со 17 и Кампацо со 15 поени. Дејвис со 22 поени се истакна во редовите на Валенсија, а Реал со овој триумф останува со перфектен учинок, односно без пораз во досегашниот тек на сезоната.

Виртус Болоња како домаќин славеше против Армани Милано (86:79), а најзаслужни за триумф во италијанското дерби беа Лундберг со 19, односно Абас и Шенгелија со по 14 поени.

Не само што Фенербахче загуби и на второто гостување во Белград за краток период, туку овојпат беше и понижен од Црвена Звезда (87:56). Српскиот тим можеше да стигне и до поубедлива предност, но и вака резултатот делува катастрофално за поранешниот европски шампион, кој го загуби мечот уште во првиот дел.

Теодосиќ со 18 и Боломбој со 14 поени беа реализаторски предводници на „црвено-белите“, додека најефикасниот кај Фенер беше Хејс со само 12 поени.

Претходно, Анадолу Ефес славеше на гостувањето кај Монако (82:89), додека Олимпијакос го победи Макаби со резултат 79:74.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни